Синоќа Ривер Плата ја победи Бока јуниорс со 2: 1 на „Монументал“ во првиот натпревар по 18 месеци кој се одигра пред навивачи , во можеби најголемото дерби во светот .
Аргентинските власти во петокот одобрија 50% од капацитетот на стадионите низ Аргентина, и тие веднаш можеа да присуствуваат на фудбалското класико меѓу Ривер и Бока.
Стадионот прима 72.000 гледачи, така што можеше да има 36.000 на трибините, но аргентинските власти започнаа истрага бидејќи сметаат дека имало повеќе гледачи на стадионот од дозволеното.
Така, најпродаваниот дневен весник Ла Насион пишува дека според она што се гледало во ТВ преносот, на стадионот имало помеѓу 54.000 и 57.600 гледачи, а спортскиот весник Оле ја проценува бројката од 52.000 до 53.000 навивачи.
ВИДЕО