Бразилскиот фудбалер Нејмар на социјалните мрежи сподели приватна преписка, која ја имал со својот соиграч Џанлуиџи Донарума.

Шпанска „Марка“ објави дека двајцата играчи на Пари Сен Жермен за малку ќе се пресметале физички по шокантната елиминација од Реал Мадрид.

Оваа порака Донарума му ја испратил на Нејмар преку апликацијата „WhatsApp“.

“Здраво Неј. Жал ми е за вчера. Оваа вест е неприфатлива”, му напишал Донарума на постариот колега.

Нејмар набрзо му одговори на Донарума, кој беше директен виновник за првиот гол при поразот од Реал (3:1) во Мадрид и испаѓањето од Лигата на шампионите.

“Другар. Тоа се случува во фудбалот. Ние сме тим и сме со тебе. Ти си уште млад и ќе победуваш уште многу. Главата горе и продолжуваме”, напиша Нејмар.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1501939407506477059?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1501939407506477059%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D10nav_id%3D2119640