Палермо ќе биде градот домаќин на македонската репрезентација во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Нашите фудбалери ќе гостуваат кај европскиот првак Италија, која ќе биде фаоврит на оваа средба.
Илија Несторовски поради повреда не беше дел од Европското првенство. Напаѓачот се надева дека ќе добие повик за дуелот против „аѕурите“ на 24 март, на кој ќе им можност да се врати на познат терен на Сицилија.
„Ако како дете можев да го замислам натпреварот на животот, тоа ќе беше оваа средба меѓу Италија и Македонија. Уште повеќе ми значи поради тоа што ќе се игра во Палермо, каде настапував три години. Не знам дали ќе бидам повикан, но се надевам дека тоа ќе се случи, затоа што за мене ќе биде како да играм дома. Италија сака да игра на Светско првенство, но јас сакам уште повеќе. Бидејќи не бев дел од репрезентацијата на Европско првенство поради повредата, сакам тоа да го направам на Мундијалот во Катар. По натпреварот ќе испратам порака до жителите на Палермо, дотогаш ќе бидам само противник“, вели Нестогол.
Запрашан за шансите и адутите на Македонија на оваа средба, нашиот голгетер изјави:
„Не случајно играме во Палермо. На Италија ѝ е потребна блескава атмосфера, поддршка од жешките навивачи за да се изврши притисок врз противникот. Тоа може да го очекува од навивачите на „Ренцо Барбера“. Но, можеби италијанската федерација заборави дека јас и Трајковски ќе играме како дома на тој терен. Тоа значи дека имаме свои адути, и тоа како. Директен натпревар, деведесет минути, ништо не може да се исклучи на вакви натпревари“.
Несторовски постигна погодок на натгпреварот во Скопје, кој Италијанците го добија со 2-3. Вториот меч пред пет години заврши без победник (1-1), а стрелец за нашиот национален тим беше Александар Трјковски.