Валенсија после серијата од четири меча без победа, конечно триумфира и тоа во дербито на дното против Елче на гости со 2-0, за љиљаците да се вратат во тесната трка за опстанок.
За поранешниот шпански првак Валенсија ова беше осма сезонска победа и сега дојде до 30 бода, остана прва во зоната за испаѓање, но има ист број на бодови со Алмерија, Хетафе бега еден бод, а Кадиз е на два бода пред „љиљаците“ и последните осум кола ќе бидат пеколни за да се сочува елитниот статус. Зад Валенсија е Еспањол со 28 бода, додека последниот Елче има само 13 и е на едно коло до официјализација на испаѓањето.
Самуел Лино во 19-та минута на асистенција на Единсон Кавани даде гол за водство, а Гонзало Верду три минути пред полувремето си даде автогол за да ја дуплира предноста и практично да ја обезбеди победата на Валенсија.