Њукасл го декласира Тотенхем на „Сент Џејмс Парк“ со 6-1 и се зацврсти на позициите кои водат во Лигата на шампионите. По само дваесетина минути, Њукасл имаше водство од 5-0. Двоен стрелец беше Џејкоб Марфи, погоди Жоелинтон, а потоа и Александер Исак постигна два гола.
Во вториот дел, Хари Кејн намали на 5-1, а Калум Вилсон го постави конечниот резултат.
Вест Хем исто така беше убедлив на гостувањето против Борнмут и победи со 0-4. Микаел Антонио го отвори резултатот, Лукас Пакета беше стрелец на вториот гол, а до крајот на првиот дел погоди и Деклан Рајс. Во второто полувреме Форналс го потврди триумфот.