Барселона со автогол во финишот успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Рајо Ваљекано, нашиот голман Столе Димитриевски имаше уште еден одличен натпревар.

Петти натпревар по ред Барселона не успева да го победи Рајо Ваљекано, овојпат каталонците одигра 1-1.

Рајо дојде во водство со гол на Лопез во 39. минута од натпреварот. Барселона се мачеше да постигне гол, имаше неколку шанси, но Рајо на голот го имаше одличниот Димитриевски. Конечно во 82. минута Барселона дојде до изедначување со автогол на Лежен.

Чави досега нема победа над Рајо Ваљекано како тренер на Барселона.