Големото англиско дерби помеѓу гигантите Манчестер Сити и Ливерпул заврши без победник 1-1, резултат кој најмногу им одговара на ривалите.
Манчестер Сити никако не може да го победи Ливерпул на два последователни натпревари, а таа традиција продолжи и денес.
Тимот на шпанскиот стратег Пеп Гвардиола поведе со голот на норвежанецот Ерлинг Халанд во 27. минута од натпреварот. Во продолжението го контролираа мечот, но водството не го сочуваа до крај.
Во 80. минута Александер Арнолд постигна гол за конечни 1-1.
Овој резултат значи дека Арсенал ако победи на гостувањето кај Брентфорд ќе се искачи на врвот на табелата во Премиерлигата.