Два мега дуели во четвртфиналето на ЛШ се играат вечерва, а најмногу внимание привлекува дербито меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен, додека во вториот дуел играат Бенфика и Интер.
Сити нема пораз на последните 10 натпревари во сите конкуренции, додека Баерн има седум победи и три порази и се очекува возбудувања на „Итихад“.
Тренерот на „граѓаните“, Гвардиола не може да смета на Фоден за овој натпревар, но сите останати фудбалери се достапни за дербито. Томас Тухел, не може да смета на Ерик Максим Чупо-Мотинг кој се повреди.
Бенфика е фаворит против Интер, кој нема триумф на последните шест меча во сите натпреварувања, а португалските медиуми пишуваат дека домаќинот не може да смета на Џулијан Драклсер, Александар Бах, Гонзало Гуедеш и Михајло Ристиќ.
Во стартниот состав на Интер најверојатно нема да биде Ромелу Лукаку, а исто така не се знае дали Симоне Инѕаги ќе може да смета на Шкрињар и Чаланоглу.
Првите натпревари од четвртфиналето се играат вечерва од 21 часот, додека реваншот е на 19 април.