Кутињо во зимата 2018 година дојде за клупски рекорден трансфер од Ливерпул од 140 милиони евра и каков ужасен бизнис направи Барселона доказ е денешната продажба за седумпати помалку пари, откако Кутињо не беше ни десет отсто од тоа што играше во дресот на „црвените“, а во финансиската криза на каталонците најдобро решение беше по секоја цена да се откачат од него за да се ослободат и од високата плата што ја имаше.
Кутињо во Астон Вила дојде на заем во јануари со право на откуп и бирмингемскиот клуб сега ја активираше таа клаузула и потпиша договор со „кариоката“ до 2026 година.