Бразилецот на „Олд Трафорд“ би се преселил за сигурни 60 милиони евра, со можност за уште десет милиони евра низ дополнителни бонуси, што е премија за „кралевите“ за фудбалер кој веќе навлегол во четвртата деценија од животот. Карло Анчелоти не сака да се откаже од Бразилецот, но управата веќе инвестира во неговата замена, Орелиен Чуамени, а со ова речиси веднаш би ја вратиле инвестицијата и би останале со далеку помлад и поталентиран фудбалер.
Ова би било трансфер од соништата и за Касемиро, со оглед што на 30-годишна возраст би потпишал договор за следните четири сезони со плата од 18 милиони евра, двојно повеќе од тоа што заработува во Мадрид. Сега почнува трката со времето, со оглед на желбата на Тен Хаг да го има новото засилување во тимот веќе на следната средба и тоа против Ливерпул, закажана за во понеделник.