За вечерашниот дуел со репрезентацијата на Украина селекторот на Македонија, Драган Бајиќ е приморан во Киев да ги изведе оние 12. кошаркари на кои сметаше и за средбата во петок навечер против „црвената фурија“.
„Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Треба да се одмориме колку што можеме и да се подготвиме за натпреварот во понеделник. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина. Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде“ – вели Бајиќ пред вториот натпревар од квалификациите за СК 2023.