НБА лигата денес објави дека кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ е најдобар играч на месецот на Западната конференција за натпреварите одиграни во март и април.
Никола Јокиќ оваа награда ја освои по втор пат сезонава, а четврти пат во кариерата. Зад него беа Кармело Ентони и Алекс Инглиш, кои трипати како играчи на Денвер ја добија наградата за најдобар играч на месецот.
На 19 натпревари одиграни во текот на март и април, Јокиќ имаше просек од 31,6 поени, 13,7 скока, 7,5 асистенции, 1,79 украдени топки и 1,26 блокади.
Јокиќ во овој период има 17 дабл-дабл ефекти и три трипл-дабл. Покрај тоа, во последниот првенствен натпревар од сезоната, тој стана првиот играч во историјата на НБА со повеќе од 2.000 поени во една сезона, со 1.000 + скокови и 500+ асистенции.
Нагетс го завршија лигашкиот дел од сезоната со резултат 48-34 како шестопласирана екипа на Западот и четврта сезона по ред ќе играат во плејофот.