Првиот светски рекет, италијанецот Јаник Синер славеше победа од 2-1 против Александар Зверев, додека Тиафо исто така во три сета беше подобар од Холгер Руне во двата полуфинални меча на Синсинати.

Дуелот помеѓу Синер и Зверев донесе голема борба од почетокот до крајот, а првиот сет се решаваше во тај-брејк кој со 11-9 му припадна на Италијанецот. Во следниот сет Зверев со 7-5 изедначи, додека во одлучувачкиот трет сет одново гледавме тај-брејк.  И во овој тај-брејк, Синер беше подобар сега со 7-4 за конечна победа.

Тиафо со пресврт успеа да слави против Руне кој првиот сет во ова полуфинале го доби со 6-4, но потоа следуваше фуриозна игра од Тиафо кој израмни освојувајќи го сетот со 6-1. Победникот во третиот сет и тука го решаваше тај-брејк кој му припадна на Американецот со 7-4.