Актуелниот првак во Евролигата, Реал Мадрид доживеа тежок дебакл на гости во Франција кај екипата на Монако во рамките на 22. коло во најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент.
Белградски Партизан повторно има проблеми кога игра надвор од Белград и потврда за тоа се четирите порази во низа од кои последниот беше вечерва во Атина од Панатинаикос со 84:71,
Резултатот беше нерешен по 30 минути (58:58), но потоа „црно-белите“ не одговорија на енергичните кошаркари на Панатенаикос, кој воден од френетичните навивачи постигна дупло повеќе поени од ривалот и го забележа 14. триумф во оваа сезона.
Нан и Митоглу постигнаа вкупно 37 поени кај победничкиот состав.
На другите две средби, Жалгирис го растури Фенербахче со 98:75 а Валенсија беше подобра од Милано со 84:72.