Најдобрата светска тенисерка полјакињата Ига Швјонтек елиминирана е во третото коло од Австралија Опен. Доживеа пораз од Линда Носкова од Чешка со 1-2 (6-3, 3-6, 4-6).
Последен пат, полската тенисерка испадна пред четвртото коло на еден Гренд слем во 2022 година на Вимблдон, но и лани во Мелбурн не се прослави, стигна само до осминафиналето. Денеска поведе со 1-0 во сетови и во вториот сет имаше неколку брејк топки. Не ги искористи, па Носкова го почна својот пресврт, во осмиот гем направи брејк по што израмни на 1-1, а нешто слично се случи и во третиот сет за конечна победа на 50. светска тенисерка.
Во осминафиналето, Носкова ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Свитолина и Голубиќ.