И првото градско дерби меѓу Вардар 1961 и Метаург имаше што да понуди. Секофгаш кога играат овие два тима, зборот фаворит речиси не постои без разлика колкава е разликата во квалитет.
Металург пружи силен отпор, актуелниот македонски првак добро се намачи за дојде до бодовите и шестата победа во низа. На другата страна гостите во составот без Златко Хорват, што пак не беше пречка да пружат силен отпор.
Дури во самиот финиш, избраниците на Веселин Вујовиќ дојде до сигурно водство, на крајот славеа со 38-30. Талески и Моралес постигнаа по 7 гола, Озтурк на другата страна имаше исто толку погодоци, пет гола запиша Петковски.
„Металурзите“ на одморот заминаа со минимална предност од 18-19, во првото полувреме водеа и со плус два 10-12.