Македонија со вчерашната победа од 0:4 против Лихтенштајн се искачи на посакуваното второ место на табелата.
Секако во прилог и одеа и резултатите од другите натпревари, поразот на Романија од Германија и нерешениот исход на Ерменија на гостувањето кај Исланд.
Секако дека ситуацијата можеше да биде подобра особено ако запишевме уште два бода од гостувањето кај Исланд, кога во рака ги имавме сите три бода до самиот финиш на натпреварот.
Но и вака имаме добри шанси за баражот. Сами си решаваме за нашата судбина во групата Ј во квалификациите за СП во Катар 2022. Распоредот е следен. Играме до крајот со Германија (дома), Ерменија (гости) и Исланд (дома). Ако победиме на сите три меча што е тешко остварливо сигурно сме втори.
Како клучен натпревар ќе биде гостувањето кај Ерменија. Ако успееме да оствариме позитивен резултат во тој случај ќе имаме шанса во последното коло со победа на Исланд дома да го потврдиме второто место.
Е сега ситуација која нас би ни одговарала е во наредното коло кога ние ги пречекуваме Германците, Ерменија и Романија да одиграат меѓусебе нерешено.
Иако изгледа дека Ерменците се најголема опасност за нас, најповолен распоред имаат Романците, бидејќи по натпреварот со Ерменија играат дома со Исланд а во последното коло гостуваат кај аутсајдерот Лихтенштајн.
Како и да е, може да резимираме дека во секој натревар мора да одиме исклучиво само на победа ако сакаме да се надеваме на успех.