По претерано долгата црна серија на Вардар од 7 порази се друго освен победа на наредниот натпревар со Загреб ќе значи комплетно фијаско и невидена катастрофа за двократниот Европски првак.

Уште не е стивнато разочарувањето по поразот во Загреб, а денес од ЕХФ со признание за левото крило на црвено црните.

Ако е утеха, еден од погодоците на Тиумр Дибиров е избран во најдобрите пет за ова коло од Лигата на Шампионите.

А исто така атрактивен гол постигна и кружниот напаѓач на Вардар Жереми Тото кој според редакцијата на СпортПрес заслужи место во оваа листа. Подолу и тоа видео.