Францускиот кружен напаѓач Жереми Тото по само една сезона ќе го напушти Вардар 1961 и ќе потпише со францускиот прволигаш Нант. Едно од најголемите засилувања на „црвено-црните“ ги договори личните услови со ланскиот полуфиналист на Лигата на шампионите и наскоро клубот треба да го официјализира договорот кој ќе важи од следната сезона.
29-годишниот Тото одигра одлични шест натпревари во Лигата на шампионите и го привлече вниманието на големите европски клубови. Кружниот напаѓач има 29 години, а потекнува од школата на Кретеј, каде играше од 2011 до 2017 година. Потоа направи трансфер во Сснт Рафаел и со овој тим беше дел од ЕХФ Купот. Своите најдобри денови ги мина во Висла, од каде што дојде во Скопје.
Французинот е висок 197 сантимети и тежок 106 килограми, неприкосновен е во играта во одбрана, а има и добра Киелце.