Борусија Дортмунд третпат е поразена во Бундес – лигата оваа сезона откако загуби на гостувањето кај Келн со 3-2. „Милионерите“ поведоа со голот на Џулијан Брант во 31.минута, а Келн возврати силно на почетокот на вториот дел. Хајнс, Тигс и Љубичиќ погодија за пресврт од 3-1, а потоа Шмиц си постигна автогол.
Лајпциг се врати на победничките патеки по промената на тренерот и со 4-0 го победи Бохум. По два гола за Тимо Вернер и Нкунку за убедлив триумф.
Ајнтрахт Франкфурт славеше против Унион Берлин со 2-0, а Фрајбург беше поуспешен од Мајнц со 2-1. Триумф оствари и Волфсбург против Штутгарт, со 3-2.