Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува со одличните игри во дресот на Абердин. Тој денеска постигна два гола во дуелот со Килмарнок.
Миовски првиот гол го постигна во 25. минута од пенал, а потоа пред паузата одлично се снајде пред противничкиот гол и го зголеми водството на неговиот тим. Теренот го напушти во 66. минута од средбата која заврши со победа на Абердин од 4-1.
За Миовски ова е седми гол во шкотското првенство со што е на делба на второто место на листата на стрелци.