На Ливерпул никако не му оди и по паузата. Тимот на Јирген Клоп одигра само 3-3 против Брајтон на домашен терен, а најзаслужен за бодот на гостите е Леандро Тросар кој постигна хет-трик. Брајтон поведе со 0-2, а Ливерпул направи пресврт со двата гола на Фирмино и автоголот на Вебстер, сепак, Тросар со третиот гол донесе реми за Брајтон.
Грем Пoтер стигна до првата победа на клупата на Челзи во Премиер – лигата. Конор Галахер погоди во 90.минута за триумф од 1-2 на гости кај Кристал Палас. Домаќините поведоа со голот на Одсон Едуард, а израмни Пјер-Емерик Обамејанг.
Њукасл убедливо го совлада Фулам на гости со 1-4, а и Евертон дојде до гостинска победа (1-2) против Саутемптон.