НБА ги објави стартните петорки за овогодинешниот „Ол-стар“ натпревар, најмногу гласови повторно доби Леброн Џејмс.

Ол-стар викендот оваа година ќе се одржи од 16- 18, февруари, за Леброн Џејмс тоа ќе биде 19. учество со што го израмнува рекордот на Карим Абдул Џабар.

Во првата петорка на западот се: Леброн Џејмс, Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Стеф Кари и Зајон Вилијамсон.

Во првата петорка на истокот се: Јанис Адетокумбо кој е капитен, потоа Кајри Ирвин, Донован Мичел, Кевин Дурент и Џејсон Тејтум.