Тој вели дека официјалната потврда ќе биде соопштена идната недела, но според неговите информации Србинот добил најмногу гласови во однос на останатите кандидати како Жоел Ембид, Јанис Адетокумпо, Стеф Кари и другите.
Јокиќ и минатата година го освои најпрестижното индивидуално признание во светот на кошарката. Тој оваа сезона само го водеше тимот од плејофот, бидејќи беше без помошта на втората ѕвезда Џамал Мареј, кој беше повреден. Нагетс во првата рунда од разигрувањето за титулата беа елиминирани од Голден Стејт.