Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски се најде во идеалниот тим на 29.коло во германската Бундеслига.

Бекот на Хановер минатата рунда во победата на неговиот тим од 22-29 на гости кај Мелсунген постигна шест голови од осум обиди, а имаше и шест асистенции. Поради оваа статистика и фантастична игра тој се најде во идеалниот состав.