За првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја ќе биде дел од петтата турнеја на трофејот на Светскиот Куп на ФИФА; организирана од Coca-Cola, официјалниот спонзор на настанот.
Оригиналниот трофеј изработен од чисто злато, доделен на победникот на Светското првенство во фудбал на ФИФА (FIFA World Cup™) во рамките на официјалната церемонија, ќе пристигне во Скопје како дел од светската турнеја на трофејот.
Трофејот, заедно со амбасадорот на ФИФА, Жилберто Силва, пристигнуваат во совршен момент – токму навреме за големата возбуда пред почетокот на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™) во Катар и е оригиналниот трофеј што ќе му биде доделен на наредниот победник на Светското
Турнејата на оригиналниот трофеј овозможена од Coca-Cola ќе патува кај 54 фудбалски нации, покривајќи ги сите конфедерации на ФИФА. Македонскиот настан кој е дел од големата турнеја на трофејот – спектаклот што уште повеќе ќе ја зајакне нашата позиција на светската фудбалска мапа, ќе се одржи на 21 мај со почеток во 17:30 часот во Пивара Скопје, овластениот производител на Coca-Cola во нашата држава.
Фудбалските обожаватели што ќе ја посетат веб-страницата на Coca-Cola ќе имаат можност да добијат покана за турнејата на трофејот преку едноставно регистрирање и пријавување според принципот на случаен избор.
Поканетите фудбалски обожаватели преку веб-страницата ќе имаат единствена можност да го искусат возбудливото искуство од турнејата на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј, на големиот настан што ќе се случи во Пивара Скопје, заедно со мегаѕвездите „Суперхикс“ и Тамара Тодевска, и ќе уживаат во уникатното доживување и во уште многу други возбудливи случувања.