Рен ја запиша третата победа по ред за да направи нов чекор поблизу до ЛШ и привремено му избега на три бода на Монако во трката за директниот пласман, а дури пет на Стразбур кој е петопласиран после вечерашните 2-0 со Сент Етјен кој направи чекор поблизу кон Втората лига.
Хрватот Ловро Мајер беше херој на Рен, зашто ги даде двата гола за победа, а вториот за да го запечати триумфот на шест минути пред крајот на мечот, по што неговиот тим дојде до 19-та сезонска победа и сега по 35 меча има 62 бода, три пред Монако.
Сент Етјен остана трет одоздола со 31 бод, два зад Троа и Клермон, кои утре ги играат своите мечеви и може да му избегаат на бившиот првак и еден од трите најтрофејни во Франција.