Швабите кои сезоната ја завршија на 16-та позиција на табелата, за опстанок играат против третопласираниот во втората германска лига, Хамбургер, и во првиот натпревар пред своите гледачи остварија убедлив триумф од 3:0 кој драстично им ги зголемува шансите и следната сезона да играат во најсилната германска лига.
Штутгарт поведе уште во првата минута со голот на Константинос Мавропанос, а на средина од првиот дел Гураси промаши пенал за удвојување на предноста.
Сепак, на стартот од вториот дел, Штутгарт со головите на Вагноман и Гураси во 51-та и 54-та минута, дојде до убедлив триумф.
Реваншот ќе се игра на 5-ти јуни во Хамбург.