Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди заработи повреда на мускулот и е под знак прашалник за дуелот со Пари Сен Жермен.
Шпанските медиуми потврдија дека Менди е повреден и ќе паузира 10-15 дена, а главна цел му е да се опорави до дуелот со парижаните.
Реал има прилично напорен распоред во февруари, в четврток ќе гостува во Билбао во Купот на кралот, потоа ќе ја пречека Гранада и ќе оди кај Виљареал во првенството, по што на 15 февруари ќе игра на „Паркот на принцовите“.
До опоравувањето на Менди, на негово место се очекува да игра Давид Алаба, додека на позицијата стопер ќе се најде Начо.