Пјер Емерик Обамејанг (33) како слободен играч потпиша за Барселона. Арсенал едвај чекаше да се ослободи од напаѓачот за кого пред четири години плати отштета од 64 милиони евра и кој го направи најплатен играч во Премиершип пред две години, кога го продолжи договорот со плата од околу 420 илјади евра неделно.
Се очекуваше Обамејанг да дојде на позајмица во Барселона до крајот на сезоната, но Барса е во таква финансиска ситуација што не може да покрие ниту половина од споменатата плата, па Арсенал го пушти бесплатно дури година и пол пред истекот на неговиот договор. Арсенал имаше големи планови и очекувања од Обамејанг. Го направи најскапиот играч во историјата на клубот, му ја даде капитенската лента и сите овластувања на теренот.
Обамејанг постигна 92 и асистираше за 21 гол на Арсенал за точно четири години на 163 натпревари, но неговата недисциплина беше непрофатлива за клубот кој го плати толку многу. Арсенал затоа бесплатно го пушти играчот за кој потроши толку многу, а тој доаѓа во Барселона без отштета и откако се согласи на драстично помала плата од онаа што ја имаше во Арсенал.
Негов нов тренер ќе биде Чави, а интересно е да се потсетиме дека неодамна зборуваше за Аубамејанг во контекст како можно засилување на Барселона: „Аубамејанг е убиец кога му останува многу простор, но противниците на Барселона не дозволуваат таков простор. Нас не ни треба таков напаѓач туку неој кој знае да се движи во малку простор и да го искористи.
Тешко е да се најде голгетер кој може да се прилагоди на Барселона. Тоа одлично го направија Самуел Ето и Луис Суарез. Ако навистина инсистирате кој напаѓач сега би бил засилување за Барселона, тогаш тоа е Нејмар. Тој би бил совршен“, изјави Чави пред две години.