Белград треба да биде домаќин на завршниот турнир во кошаркарската Евролига во мај 2022 година .
Се наведува дека веќе се направени конкретни чекори, а градските власти на Белград и челниците на Евролигата на чело со Џорџо Бертомеу веќе постигнале договор.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, минатата недела и понуди на Евролигата Белград да го замени Берлин каде присуството на јавноста нема да биде можно поради епидемиолошки мерки.
Белград, пак, даде гаранции на Евролигата дека навивачите ќе можат да присуствуваат на турнирот во Арената, со валидна потврда за вакцинација.
Тоа беше доволно за луѓето од Барселона да ја донесат оваа одлука завршниот турнир од Евролигата да се пресели во Белград.
Исто така, постои план Истанбул како популарен евролигашки град да ја поддржи кандидатурата на Белград за оваа година, додека главниот град на Србија тоа би го направил во спротивна насока за 2023 година.
Тогаш турската федерација би го прославила векот на играње кошарка во таа земја.