Ракометната репрезентација на Холандија се пласираше во следната фаза на Европското првенство по победата против Португалија 32:31, со што заврши на второто место во групата Б.

Португалија поведе со 2:0 на почетокот на натпреварот, но Холандија за многу кратко време дојде до пресврт од 3:2.

Холандија водеше со 7:4, но Португалија се врати во игра на средината на полувремето и намали на 8:7.

Португалија имаше одлична шанса за израмнување во 18. минута, но голманот на Холандија го одбрани голот, како и неговиот колега на спротивната страна, па остана само со гол предност за „Лалињата“.

Во 20. минута Португалија имаше нова можност за израмнување, но не постигна гол, па Бајенс на спротивната страна врати плус два за Холанѓаните.

Холандија на пет минути пред почетокот на полувремето стигна до плус четири, за да го заврши полувремето со иста разлика благодарение на голот во последната секунда .

Вистинска драма беше видена во вториот дел. Се чинеше дека нема да биде така, откако Холандија во два наврати имаше и плус пет, но Португалија почувствува дека може да се врати во игра.

„Лалињата“ одговараа на головите на Португалеците се до неколку минути пред крајот на натпреварот, кога дојде до израмнување.

На неполни две минути до крајот Дуарте и донесе целосен пресврт на Португалија, но Холандија израмни во следниот напад и во последните моменти од натпреварот дојде до победата.

Холандија во следната фаза ќе оди  заедно со Исланд, додека Португалија ќе го заврши натпреварувањето со домаќинот Унгарија.

Во вториот меч во истиот период, Белорусија славеше против Австрија со 29:26 во меч кој немаше натпреварувачко значење, бидејќи пласман во групата Д обезбедија Германија и Полска.