Реал Мадрид повторно е на врвот во Ла Лига и има два бода предност во однос на Џирона, откако го доби натпреварот против градскиот ривал Хетафе со 0-2. „Кралевите“ прикажаа квалитетна игра, а напаѓачот Хоселу кој се наоѓа во топ форма, извонредно реагираше во нападот и на двапати ја затресе мрежата на домаќинот.
https://twitter.com/i/status/1753151861178175752
Хоселу го отвори резултатот во 14.минута на асистенција на Лукас Васкез, а во второто полувреме погоди и во 56.минута со удар од 16 метри, по проигрувањето од Винисиус Жуниор.
https://twitter.com/i/status/1753165567572267472
Кралскиот клуб“ има 57 бодови на првата позиција во Ла Лига, односно два повеќе од Жирона и 10 од Атлетико Мадрид и Барселона.