После поразот во дербито од Барселона, Атлетико Мадрид се рехабилитира со триумф од 2-1 против фенерџијата Алмерија.
„Јорганџиите“ водеа со 2-0 по 22 минути игра, а стрелци на головите беа Мората и Кореа. Посебно добар беше голот на Алваро Мората, кој го даде јубилејниот 50. гол за Атлетико и тоа на атрактивен начин, откако се ослободи од противник и го издрибла и голманот, па ја затресе мрежата и сето тоа во само три секунди.
Фудбалерите на Симеоне имаа одлично прво полувреме, а тоа го најави Гризман уште во шестата минута, но неговиот погодок беше поништен од ВАР поради офсајд.
Сепак само десет минути подоцна Гризман асистираше до Мората кој донесе водство од 1-0, а веќе во 22. минута Кореа ја закова топката во голот и погоди за предност од 2-0.
Алмерија се врати во живот во 62. минута со голот на Лео Баптистао, намали на 2-1 за поинтересен финиш, но тоа беше се што сторија гостите.