Екипата на Борусија Дортмунд игра турбулетна сезона во Бундеслигата каде доживеа уште еден тежок удар и тоа во директен дуел со РБ Лајпциг кој е негов конкурент за Топ 4 пласман, поточно за местата кои водат во Лигата на шампионите.
„Милионерите“од Дортмунд загубија со 3-2 на домашен терен и тоа во натпревар во кој сами се победија. Уште во раната фаза исклучен беше искусниот дефанзивец Мат Хумелс (15 минута), а потоа Бенсебаини си постигна автогол за предност на „биковите“.
Длабоко во судиското продолжение Дортмунд израмни на 1-1, но повеќе од јасно беше дека ќе биде многу тешко да се дојде до позитивен резултат до крајот на дуелот.
Баумгартнер во 54 и Поулсен во 91 го однесоа Лајпциг на плус два, додека конечниот резултат го постави напаѓачот Фулкруг во 93 минута. Сега Борусија има четири бода помалку во однос на денешниот ривал кој е на четвртата позиција на табелата со 29 бода.
На врвот на Бундес лига е Баер Леверкузен со 35, Баерн има 32, а Штутгарт 30 бодови.