Долго време Лајпциг се мачеше со одбранбениот бедем на гостите од Бохум, а кога конечно домашниот тим успеа, тие брзо ја погодија целта уште двапати. На крајот, и убедливо и заслужено, трите бода останаа во Лајпциг. Осум брилијантни минути на Лајпциг а пеколни за Бохум.
Првото полувреме беше со иницијатива на домаќините но без реализација.
Во второто полувреме, значително помалку шанси, но и три гола. Лајпциг ја круниса иницијативата и подобра игра во 70. минута кога Андре Силва конечно донесе радост кај навивачите, а потоа по брза постапка одличниот Нкуну во 73. и 78. минута конечно ги стави работите на свое место и славјето на стадионот во Лајпциг започна.