Каталонскиот гигант Барселона одигра одличен меч на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и го совлада Наполи со 2-4, отворајќи си ја вратата за четвртфиналето на Лигата на Европа. По ремито (1-1) на „Камп Ноу“, тимот на Чави Хернандез дојде решен да победи и успеа тоа да го оствари.

Жорди Алба во осмата минута и Френки де Јонг во 13.минута го шокираа Наполи, а намали Лоренцо Инсиње од пенал во 23.минута. Сепак, Жерар Пике пред одморот ја врати предноста на два гола разлика.

Пјер-Емерик Обамејанг во 59.минута зголеми на 1-4, а вториот гол за Наполи беше дело на Матео Политано во завршницата.