Екипата на Наполи сензационално загуби катастрофално на домашен терен од Фрозиноне, а Болоња се погрижи за втората сензација во Купот на Италија.
Тимот предводен од Тијаго Мота триумфираше на гостувањето на „Џузепе Меаца“ во Милано со 2-1 и го елиминира освојувачот на последните два трофеја во Копа Италија, екипата на Интер. Тоа е тимот кој е и лидер на табелата во Серија А во моментов.
Лаутаро Мартинез промаши пенал во 65. минута, а потоа и покрај водство од 1-0, „нераѕурите“ примија два гола.
Во четвртфиналето, Болоња ќе игра против Фиорентина која пред две недели беше подобра од Парма со 3-2.