Брест е третата екипа од Франција кој директно се пласира во Лигата на шампионите, откако во луда завршница го освои третото место на табелата, зад првакот ПСЖ и второпласираниот Монако. Брест победи со 0-3 на гостувањето кај Тулуз, со головите на Камара, Амави и Лала.

Лил имаше директен пласман во ЛШ сѐ до судиското продолжение, со оглед дека водеше против Ница со 2-1. Но, едно невнимание во домашната одбрана доведе Ница да израмни преку Лотомба во 93.минута. Сега Лил ќе мора да игра во квалификации за ЛШ.

Лион ќе игра во Лига Европа, и покрај неверојатно лошиот старт на сезоната. Лион го победи Тулуз со 2-1, со двата гола на Александре Лаказет. Победничкиот гол го постигна од пенал во 95.минута.

Пари Сен Жермен го победи Мец на гости со 0-2, со головите на Карлос Солер и Ли Канг-Ин. Домаќинот испадна од француската елита, со оглед дека Лориен со 5-0 го победи Клермон.

Монако го декласира Нант со 4-0. Бен Једер, Керер, Камара и Бен Сегир беа стрелци на головите за „кнезовите“.