Рајо Валeкањо продолжува со одличните резултати и овој пат дома го совлада Алавес со 2:0.

Македонецот Столе Димитриевски кој конкурира за наградата најдобар голман во Ла лига уште еднаш имаше фантастична партија.

Обрани вкупно 4 удари кои завршија во рамките на неговиот гол и ја зачува својата мрежа чиста.

Од Ла лига со специјална објава по повод една фантастична одбрана.

Видеото е со наслов: Димитриевски вели НЕ!

Инаку Рајо е непобедилв на домашен терен и има  8 победи и еден недереш исход. Доколку табелата е само по домашен учинок тогаш Рајо е најдобриот клуб во Шпанија во моментов.

Standings provided by SofaScore LiveScore