Екипата на Ред бул победи со фантастични 6-1 кај Шалке, а триумфот беше најавен уште на почетокот на натпреварот. По седум минути Андре Силва го отвори резултатот, а по 14, Хенрихс зголеми на 2-0. До крајот на полувремето веќе беше 0-4, со вториот погодок на Силва и првиот на Вернер.

 

 

Козуки намали по десетина минути игра во вториот дел, но канонадата кон голот на Шалке продолжи, прво преку Дани Олмо, кој веќе имаше две асистенции пред овој гол и конечно со погодокот на Поулсен, во 89. минута.

Со деветтата победа, Лајпциг дојде до 32 бода, три помалку од лидерот на табелата, Баерн, кој дома против Келн освои само бод. Шалке, од друга страна, е закован за дното на табелата со само девет бода и дури 12 порази.