Арсенал и Микел Артета немаат намера да запрат во летниот преоден рок. Откако и официјално ангажираа нов голман и тоа во името на Мет Тарнер, откако трансферот на Габриел Жезус е готова работа и се чека само на промоција, клубот од Лондон упатил нова понуда до Ајакс.
Понуда која важи за стоперот Лисандро Мартинез и сега таа изнесува 40 милиони евра, претходно Ајакс ја одби таа од 25 милиони евра.
Станува збор за аргентински дефанзивец кој е трансферна цел и на други клубови, не само на Арсенал.
Проблемот за сите тие е што Ајакс не сака да чуе за помалку од 50 милиони евра да го “ослободи“ Мартинез.