Кошаркарите на Далас Маверикс го возвратија брејкот и со триумф на гостински терен кај Минесота Тимбервулвс (124-103) ја добија финалната серија на Западната конференција со резултат 4-1 и обезбедија пласман во големото НБА-финале.

На успехот на маверикси по поразот во Тексас кумуваше одличниот старт на словенечкиот ас Лука Дончиќ кој одигра неверојатна прва четвртина. За дванаесет минути на паркетот, ѕвездата на Далас постигна 20 поени и така на својот тим му донесе предност од 35-19. Во продолжението од мечот се разигра и Ирвинг, па разликата константно растеше.

Највисоката предност која гостинот ја имаше на овој натпревар беше високи 36 поени, тоа беше во третиот период кога резултатот гласеше 46-82. Минесота беше уништена, па по лошиот почеток тимот во ниту еден наврат не се врати во егал.

 

Лука Дончиќ го заврши дуелот со „дабл-дабл“ од 36 поени, 10 скока и пет асистенеции, пред Ирвинг кој имаше исто така 36 поени, а кај Минесота, Едвардс и Таунс постигнаа по 28 поени. Изданијата во финалето на Западната конференција на Лука Дончиќ му го донесоа МВП-признанието.

Во финалната серија за НБА-трофејот Далас Маверикс ќе игра против Бостон Селтикс. За Далас ова е прв пласман во финалето по 2011 година кога станаа шампиони.