Голден стејт вориорс ја оствари највозбудливата победа во синоќешната програма во НБА, откако со фантастичната тројка на Стеф Кари од десет метри на седум десетинки до крајот го совладаа сонцата од Аризона, Феникс санс (113-112).
Тоа беше резултатски изедначен дуел од почетокот до крајот, и ниту една од двете екипи немаше водство повисоко од седум разлика. „Воините“ имаа 110-109, кога гостите постигнаа тројка и делуваше дека ќе се радуваат на крајот. Но, така не мислеше најдобриот тројкаш во историјата на НБА, кој имаше само 2,7 секунди за да смисли нешто и успеа. Само што ја доби топката, Кари шутираше од далечина и погоди на не цела секунда до крајот, време во кое гостите немаа шанса да реализираат, за победа на тимот од Сан Франциско.
РЕЗУЛТАТИ: Далас – Оклахома 146-111, ЛА Клиперс – Детроит 112-106, Бруклин – Сан Антонио 123-103, Шарлот – Мемфис 115-106, Орландо – Чикаго 114-108, Вашингтон – Филаделфија 113-119, Атланта – Хјустон 122-113, Њујорк – Индијана 111-125, Торонто – Кливленд 95-119, Портланд – Њу Орлеанс 84-93, Г. Стејт – Феникс 113-112.