Кошаркарите на Реал Мадрид извојуваа победа над Барселона со 96:85 во финалето на Купот на Шпанија.

Барселона за нијанса беше подобар противник во првото полувреме (45:43), но по паузата „кралевите“ покажаа повеќе како во третиот така и во четвртиот период, па го освоија вториот трофеј во сезоната 2023/2024 по оној во Супер Купот.
Дури шестмина играчи на Реал беа двоцифрени, Дек, Муса и Порје уфрлија по 13, а Кампацо, Јабуселе и Хезоња по 12 кошеви.

Кај поразените најсветла точка беше Паркер со 14 поени и 3 скока.