За првпат во својата историја, Париз е освојувач на Купот на Франција откако во финалето го совлада Нантер со 90-85.
До победата, тимот од престолнината стигна благодарение на подобрата игра во последната четвртина која ја доби со 26-15, но најважната работа ја заврши синоќа со победата против актуелниот шампион и најголем фаворит Монако. На двата натпревара блескаше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој на крајот е прогласен и за МВП на турнирот од Купот.
Парижани играат одлично оваа сезона, доминираат во Еврокупот, а најголеми „виновници“ за тоа се, еден од најперспективните европски стручњаци Томаш Исаил и македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.
Ти Џеј Шортс постигна 26 поени, вклучувајќи го можеби и клучнииот кош на 46 секунди пред крајот со кој го однесе Париз на +5 (89-84).
Париз Баскет постои само нешто повеќе од пет години, а многумина во блиска иднина го гледаат како учесник во Евролигата.