Богдан Богдановиќ заработи тешка повреда на натпреварот Атланта – Њујорк (90:99).

Тешка сцена за гледање се случи во вториот период од натпреварот. Потоа, српскиот ас при еден скок лошо нагази на противничкиот играч. Го извитка зглобот и оттаму настана вистинската драма.

Богдан имаше големи болки, се тркалаше на подот и чекаше помош. Богдановиќ во рацете на соиграчите отиде во соблекувалната.