Од почетокот на новата сезона во НБА, Леброн Џејмс, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, многу често е во центарот на разни скандали.
Еден дел од натпреварите Џејмс ги пропушти поради повреди, а кога беше на паркетот често беше магнет за разни инциденти. Последниот се случи на гостувањето кај Индијана каде Џејмс играше откако отслужи еден натпревар суспензија поради судир на пробата во Детроит со локалниот играч Ајзеа Стјуарт.
Синоќа пак, Леброн беше казнет со 15.000 долари бидејќи откако постигна тројка прослави со „непримерен гест“, а покрај паричната казна доби и опомена од раководството на НБА за интервју по натпреварот.