Кошаркарската репрезентација на Полска беше поразена во првото полуфинале на Европското првенство од селекцијата на Франција со 41 поен разлика и прописно се обрука во мечот кој одлучуваше за пласман во големото финале.
Полјаците во првите две четвртини за 20 минути игра постигнаа само 18 поени и со тоа поставија нов антирекорд. Ова беше првиот полуфинален натпревар на едно Европско првенство во кој една репрезентација дала помалку од 20 поени во првото полувреме, по Унгарија, која постигна само 12 поени против Чехословачка во далечната 1946 година.