Кристијано Роналдо пропушти да го отвори резултатот во 20.минута, бидејќи не реализира пенал. Португалецот биеше крај голот на Мидлсборо. Пет минути подоцна Џејдон Санчо погоди за 1-0 по одличното додавање од Бруно Фернандеш.
Тимот од Чемпионшип дивизијата израмни на 1-1 во 64.минута преку Мет Крукс. Голот предизвика многу дебати и дилеми, бидејќи претходно играше со рака, но ВАР не го поништи погодокот.
До крајот на регуларните 90 минути немаше погодоци, како и во дополнителното време.
Во пенал-рулетот се шутираше до осмата серија, кога младиот Ентони Еланга беше единствениот кој промаши од белата точка. Тоа значеше огромна радост за аутсајдерот.